09:25 - 7 ноември, 2026

(Фото+видео) Мис Универзум на Хрватска отпатува во Тајланд за изборот: Која е Лаура Гњатовиќ?

Хрватската претставничка на 74-то издание на изборот за Мис Универзум 2025, Лаура Гњатовиќ, успешно пристигнала во Тајланд, објави организацијата Мис Универзум Хрватска.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by missuupdates (@missuupdates)


„Лаура Гњатовиќ безбедно пристигна во Тајланд и со нетрпение го очекува почетокот на активностите поврзани со изборот за Мис Универзум“, објавија на Инстаграм со фотографии од Лаура на аеродромот, а потоа и во Тајланд, каде што веќе се дружела со мисици од Јапонија, Лаос, Нигерија, Швајцарија, Малезија….

Исто така, беше откриено дека Лаура ќе ја претставува Хрватска во костим од брендот Зигман.

– Кога ја видов во тоа, јас се наежив. Мислам дека тој фустан одлично ѝ „легна“, тоа може да се види, тоа може да се почувствува – рекол Јурај Зигман за „ИН Магазин“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ZIGMAN (@zigman_official)


Лаура (23), родена е во Задар, во моментот живее во Дубровник каде што студира за медицинска сестра на Универзитетот во Дубровник, игра професионална одбојка за ЖОК Дубровник и работи во приватна клиника. Висока е 191 сантиметар, зборува англиски, италијански и шпански јазик, а слободното време сака да го поминува во природа, со животни, свирејќи гитара или сликајќи.

На натпреварот за титулата Мис Универзум Хрватска 2025, одржан на 28 април 2025 година во хотелот „Еспланада“ во Загреб, Лаура победи меѓу 14 финалистки. Набргу потоа, таа и се сврши со своето момче.

 

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо
Се вчитува....