17:14 - 2 ноември, 2026

(Фото+видео) Данката Викторија прогласена за најубава жена на светот на Мис Универзум 2024!

Данката Викторија Кјаер (21) ја освои титулата Мис Универзум 2024 година, со што на својата земја ѝ ја донесе првата победа на ова натпреварување.

Круната на најубавата жена на светот, со аплауз на другите финалистки, во саботата во Мексико Сити и ја врачи поранешната Мис Универзум Шенис Паласиос од Никарагва на девојка од Данска, пренесува Си-ен-ен.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss Universe (@missuniverse)


Повеќе од 120 кандидатки учествуваа на 73. натпреварување за овогодинешната титула Мис Универзум во Мексико Сити.

Повеќе од 120 кандидатки учествуваа на 73. издание на овој избор за најубава жена на светот, меѓу кои и 21-годишната Македонка Теа Ѓоргиевска. За жал, нашата претставничка не успеа да се пласира меѓу 30-те финалистки.

Нова Мис Универзум во своето време обожава да танцува, а кариерно е претприемач и сака да стане адвокат.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss Universe (@missuniverse)


За прва придружничка е избрана Чидима Адецина од Нигерија, втора придружничка Марија Фернанда Белтран од Мексико, а во првите пет убавици се пласираа Сушата Чуангсри од Тајланд и Илеана Маркез Педроса од Венецуела.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss Universe (@missuniverse)


Педроса (28) влезе во историјата на натпреварот за најубава жена на светот како прва меѓу петте финалистки која е мајка. Имено, долги години имаше забрана да учествуваат трудници, мајки и мажени жени. Забраната беше тргната минатата година, потсетува Си-ен-ен.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss Universe (@missuniverse)


За првпат во 72 години, колку што трае конкурсот, оваа година на конкурсот можеа да се пријават кандидати постари од 28 години, па така повеќе од десет финалисти беа постари од претходно дозволеното.

Малтанката Беатрис Нјоја е првата натпреварувачка во нејзините 40-ти што стигнала до големото финале.

Слични објави

Перо Антиќ со најважните момчиња во неговиот живот – Една фотографија кажува сè

Еспресо

Четири хороскопски знаци ги очекува нова љубов до крајот на 2026 година

К.С.

(Фото) Маја Шупут му го честиташе роденденот на 16 години помладиот дечко: Ми го преврте светот наопаку

Еспресо

(Фото) Елена Велевска во елегантно црно издание — пејачката привлече внимание со својот стил

К.С.

Николина Пишек за насилството што го доживеала: „Кога сакав да си одам, сопругот ми стави пиштол на масата“

Еспресо

(Фото) Розова перика и кратко фустанче – ќерката на Здравко Чолиќ се маскираше за Ноќта на вештерките

Еспресо
Се вчитува....