06:07 - 7 ноември, 2026

(Фото+видео) Антониа Гиговска денеска прави голема свадба: Раскошната невеста изгледа како од бајките

Младата поп пејачка Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг и татко на нивното дете Киан, музичарот Роберт Спасенцовски – Џокер пред речиси една година стапија во граѓански брак, а убавата вест тогаш ја споделија со јавноста преку неколку фотографии.

Но, се чини дека ваквата формалност не е доволна за крунисување на љубовта на оваа естрадна двојка, па Антониа и Роберт одлучија денеска да направат голема свадба и да ја потврдат љубовта пред голем број гости.

Свадбената церемонија е во тек, а веќе протекоа првите фотографии од венчавката на среќните младенци.

Антониа изгледа прекрасно во бајковита венчаница, додека Роберт се одлучил за црно палто и панталони во комбинација со бели патики.

Младата брачна двојка одлучила да испочитува и некои обичаи и традиции на овој голем и посебен ден за нив.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....