21:39 - 8 ноември, 2026

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе трет ден е упатен пешки кон грчкиот манастир на исцелителот и чудотворец Свети Нектариј Егински со цел да се соберат пари за детската онкологија.

Пејачот се огласи на третиот ден од патувањето и откри дека за само два дена биле собрани два милиони динари.

– Прекрасни мои луѓе, ви благодарам за поддршката, ви благодарам на вашите прекрасни пораки, ви благодарам за вашата љубов, за вашите молитви. Ми давате една радост што ми помага секој километар да биде полесен: Ви благодарам и за сите уплати, им благодарам на поединци, компании, фирми. Собравме речиси 2 милиони динари за детската онкологија… Ве бакнувам и се молам. Радувајте се – рекол Роквиќ во видеото што го објави на почетокот на третиот ден од патувањето.

 

 

 

 

Да потсетиме, Никола Роквиќ и неговата сопруга Бојана основаа фондација која има за цел да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна, а пејачот пеш тргна на пат кон Атина, до манастирот Свети Нектариј Егински и на тој начин ќе собира средства за детската онкологија.

– Сакаме да ве информираме дека со Никола ја основавме фондацијата „Семејство“, која ќе се занимава со зачувување на традиционалните вредности и семејството како институција и како свето место. Фондацијата ќе им помага на многудетните семејства, загрозените, ранливите, талентирани и болните деца. А нашата прва мисија ќе биде помагање на детската онкологија – рекла Бојана.

– Наша желба е со заеднички сили да ги собереме неопходните средства за купување апарат кој ќе помогне за дијагностицирање на ракот на мозокот кај децата, како и за реновирање на детското онколошко одделение. За тоа ни требаат 200.000 евра, а од ова свето место ќе тргнам пеш по патот за Атина, поточно до островот Егина и манастирот Свети Нектариј Егински и на тој пат долг 1.060 километри ќе ги соберам неопходните средства. Затоа ги поканувам сите компании, поединци, но и моите пријатели да ни пружат поддршка и да ја оствариме оваа голема мисија – нагласил пејачот во својата објава.

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....