6.8 C
Скопје
20:28 - 10 март, 2026

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Во Клиничката болница „Жан Митрев“ се одржа традиционалната доброволна крводарителска акција. Вкупно 57 вработени на Клиника „Жан Митрев“, медицински и немедицински персонал доброволно даруваа крв, а со нив се солидаризираа и членовите на потесните семејства на вработените кои, исто така донираа крв.

Крводарителската акција се спроведува по третпат и е согласно потпишаниот меморандум за соработка за крводарителство со Blood Bank TENK. Акцијата се реализира во организација на Институтот за трансфузиона медицина, Blood Bank TENK и во присуство на доброволци од Црвен крст на Македонија.

Одржувањето на редовни крводарителски акции во Клиничката болница Жан Митрев и доброволното учество на вработените, ги искажуваат високите етички, хумани и морални вредности на целиот колектив и придонесуваат за подигање на здравствената култура и јавната свест за постојаната потреба од крводарителство.

Слични објави

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо
Се вчитува....