22:41 - 4 април, 2026

(ФОТО) ТАЈЧИ, ПОПУЛАРНАТА ПЕЈАЧКА НА „АЈДЕ ДА ЛУДУВАМЕ ОВАА НОЌ“ СЕ ВРАЌА НА МУЗИЧКАТА СЦЕНА: Нема да ја препознаете како игзледа, ама ќе препознаете како пее!

Југословенската пејачка и претставничка на Евровизија (1990), Татјана Камерон, попозната по прекарот Тајчи, поп-ѕвезда од 1990-тите, успешно продаваше албуми низ целиот регион, сега се враќа на музичката сцена.

Тајќи денес, фото инстаграм

Со нејзиното заминување во Америка, каде што се омажила и станала мајка, се променила и потоа ја прекинала кариерата, но љубовта кон музиката никогаш не престанала.

Сега пејачката ги изненади своите следбеници на Инстаграм со објавата дека влегла во студио и повторно снима.

инстаграм

„Враќање во студио по долга пауза од снимање… Што е тоа што го правиш едноставно и лесно? А кога го правиш, си велиш: по ѓаволите, јас сум добра во ова! И знаете дека тоа не е ароганција, туку само вистина. Така ми е мене пеењето. Чиста релаксација, проток, леснотија, нешто што го правев (и вежбав) сто илјади часа и во кое станав навистина добра. Опуштањето и учењето нови вештини – како што се предавање медитација и тренинг за добар живот, дефинитивно ми помогна да ги ценам моите „стари“ вештини“, напиша таа под објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tajci (@tajcicameron)

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....