20:40 - 24 ноември, 2026

(Фото) Таа е најбогатата сестра Родиќ: Наташа целосно се промени, ги менува луксузните дестинации, а сега е најдобра „риба“

Третата сестра Родиќ, најстарата, Наташа, го привлече вниманието на јавноста поради сестрите Бојана и Богдана, кои се омажија за Мирко Шијан и за Вељко Ражнатовиќ, синот на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Наташа Родиќ е многу активна на социјалните мрежи, каде што често привлекува внимание кога се фали со својот стил на живот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasa Rodic (@natasa__rodic)


За разлика од нејзините сестри, Наташа останала во семејната куќа во Тител, но како што објавиле српските медиуми, таа поседува и стан во Белград.

Откако се појави во јавноста, поради своите сестри, Наташа многу се промени – ослабе, го промени имиџот, бојата на косата…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasa Rodic (@natasa__rodic)


Наташа Родиќ беше пофалена од нејзините следбеници за нејзиниот изглед, а потоа следеа бројни коментари со восхит за нејзината убавина без шминка.

Сестрата на Богдана развила бизнис, поради што се создава ред пред нејзиниот киоск, како што пренесуваат српските медиуми.

Честопати, а сега и на фестивалот на храна, луѓето ги привлекува акцијата во која клиентите добиваат бургер и сок по поволна цена.

Наташа Родиќ во повеќе наврати беше фотографирана во работна униформа, како учтиво ги услужува гостите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasa Rodic (@natasa__rodic)


Иако ретко зборува за својот љубовен живот, познато е дека беше во долгогодишна врска со Матија Бојовиќ од Црна Гора.

Нивната љубовна приказна започнала во Америка во 2017 година, а со текот на годините поминувале низ раскинувања и помирувања.

Двојката често споделуваше заеднички моменти на социјалните мрежи, покажувајќи колку се вљубени.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasa Rodic (@natasa__rodic)

Слични објави

Секој има свој кат: eве кој сè живее во замокот на Драгана Мирковиќ вреден 50 милиони евра

Еспресо

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо
Се вчитува....