14:53 - 1 април, 2026

(ФОТО СТОРИЈА) Пролетта е прекрасна во дворот на ТРАЈАНКА: Божествени се кога цветаат камелијата и рододендронот

Денес разговара со Трајанка, хемиски течничар и поранешен шпедитер. Трајанка и нејзиниот сопруг со голема страст и љубов се грижат за нивниот двор кој се простира на околу 200 квадратни метри, а се наоѓа во скопската населба Црниче. 

– Грижата за дворот бара многу време. Моментно сум невработена и имам време за уредување, грижа и нега на дворот – искрена е Трајанка.

И покрај тоа што дворот изобилува со најразновидни цвеќиња и растеија, нашата цветна дама си има свои фаворити.

– Бројни цвеќиња ми се омилени, но еве, ги одбирам за посебни камелијата и рододендронот. Божествени се кога цветаат, вели таа.

Во текот на зимата цвеќињата биле добро згрижени благодарение на старата куќа која е во самиот двор, резервирана како складиште за убавиците во текот на студените денови.

За крај, ја прашуваме Трајанка за совет што би го дала на оние кои допрва планираат да почнат да се занимаваат со одгледување на цвеќе. Еве што таа препорачува.

– Почетниците во градинарство би можеле да почнат до одгледување на импатија, бомбонче и петунија. Сите три вида цвеќе се прекрасни на свој начин.

Инаку, Трајанка е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА ОД ЦВЕЌИЊАТА НА ТРАЈАНКА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Разговор со Игор Пандев, професионален одгледувач на цвеќиња: Најмногу нега бараат петуниите и сурфинијата, за почетници – идеални се сарделите

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....