26.8 C
Скопје
09:24 - 21 август, 2026

(ВИДЕО) Стиховите од познатата песна на Балашевиќ се појавија во Украина

Ѓорѓе Балашевиќ беше против војната во поранешна Југославија и како порака за мир секогаш ја изведуваше песната „Само да рата не буде“. Песната беше објавена во 1987 година и во неа Балашевиќ порачува дека треба да се поместат планините, да се разбудат вулканите и да се случи сѐ што може да се случи, освен војна. Сега стиховите од оваа песна ги објавија уметници од Украина.

Тоа на социјалните мрежи го сподели неговиот син Алекса Балашевиќ.

-Стиховите на татко ми на уште едно бојно поле. За жал. Во Украина!!!! Преведено: „Само да нема војна, лудило меѓу луѓето“. Ова не е ситуација кога гордоста е на прво или второ место, ова е за жал ситуација кога гордоста е на последно место, додека молитвата, помошта и тагата се на пиедесталот. Добивав многу пораки од цела Источна Европа кога татко ми замина меѓу ѕвездите, потоа се надевав дека ќе продолжат да ми пишуваат за неговите љубовни песни, да ме прашуваат дали навистина постои „Божа пуб“, но… Господ нека ни е напомош – напиша Алекса и додаде:

-Групата на културно-уметничкото друштво на словенската душа составена од нашите православни браќа Украинци, Белоруси и Руси од Источна Украина ни го испрати ова со наслов „Нашата проста душа словенска“ од улиците на Мирноград, град во регионот Доњецк каде ѓаволот ги пали неговите кандила, но наскоро Бог ќе му ги изгасне… Нема да се изненадиме кога ќе ни кажат дека еден дух лета над Крим, Одеса и Карпатите и сее мир, како што сееше каде и да одеше… Алекса Балашевиќ. Ви благодариме браќа! Мир во Украина – напиша Алекса Балашевиќ.

По тој повод се огласи и Оливера Балашевиќ, вдовицата на Ѓорѓе Балашевиќ, која на својот инстаграм-профил ги објави фотографиите што ги објави нејзиниот син.

-Препуштен на стиховите тој патува низ светот инкогнито, а секој што под таа маска ќе го препознае седиот кантавтор од Нови Сад, автоматски и самиот станува дел од истиот заговор – напиша таа.

 

Слични објави

Милош Биковиќ ги воодушеви следбениците откако со синот Василие го запеа хитот од Драгана Мирковиќ

E.A.

Дневен хороскоп за 21 август: Очекувајте одлични вести

apostolova

(Фото) Сека Алексиќ ужива на јахта на црногорското крајбрежје

Еспресо

(Фото) „Мојата љубов, моето сè“: Јована Јеремиќ блеска од среќа, а Тигар не се одвојува од неа

Еспресо

„Не можам да лажам, сакав веднаш да платам“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ ја раскажа својата страна на приказната за инцидентот во трговскиот центар

Еспресо

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо
Се вчитува....