10:02 - 5 декември, 2025

(Фото сторија) По 40 години во Германија, се вратија во Македонија, „Поубаво од тука нема, спокој, двор, цреши…“, Трајанка и Тамуш ја раскажаа нивната приказна

По цели 40 години живот поминат во средената и финансиски стабилна земја, Германија, Трајанка Лазарова и нејзиниот сопруг Тануш се вратија во родната земја – Македонија, и сега живеат во село Радичево. Сончевото село се наоѓа Радичево во југоисточниот дел од Македонија, на 15-на километри оддалеченост од Струмица.

Трајанка и Тануш, фото – приватна архива

Малото село зрачи со спокојство, опколено со убава природа, а тоа е она што им е потребно на денес, двајцата пензионери, Трајанка и Тануш. А и роднините им се близу. Трајанка сега често се гледа со сестра си, Зојка, која живее не далеку од тука, во струмичкото село Моноспитово.

Трајанка има 68 години, а Тануш 72. Цели 40 години живееле во Германија, таму го основале своето семејство, ги израснале децата – две ќерки, а сега имаат и внуци. Велат пресреќни се, но им недостигаат децата и внуците.

„Многу ни нодостигаат четирите внукички“ – објаснува Трајанка, „само далечината ни е проблем, носталгијата по децата, ништо друго“.

Секако, се враќаат во Германија, но само „на гости“, само да си ги посетат децата.

Откако се вратиле во Радичево почнале се одново – нов живот, селски, па си засадиле овошки, растенија…Сакаат да си надокнадат за се што испуштиле во Радичево.

Посебно доживување во нивнито двор се црешите. Седум дрва. Во март црешите ги засадил зетот. Трајанка вели дека се лесни за одгледување, треба само да се пазат од мушички, од инсекти, да се изрезат, испрскаат и толку. А плодовите кои им ги возвраќаат се крупни, сочни, жар црвени. Од црешите си прават превкусен компот и слатко, за нив, за дома.

Во дворот од 20 декари, за кои сами со љубов се грижат, имаат и грозје и сливи. Секако, имаат и разновидни цвеќиња, па штом стапнете тука, веднаш ќе го почувствувате мирот, убавината, миризбата на природата која на љубовта знае да возврати со уште поголеми бранови убавина кои директно се слеваат во душата.

Инаку, Трајанка е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Зелен рај во Битола: Весна и Иле ни ги отворија вратите на дворот од најубавите фантазии

Слични објави

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

Мал сончев зрак води низ облачно небо: Лична приказна на Илина Арсова

msp-admin

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо
Се вчитува....