03:30 - 12 јули, 2026

(Фото сторија) Јуле ни ги откри сите убави лица на пролетта: „Сакам кога дворот личи на рајска градина“

Разговараме со Јулијана Шероска-Мисиркоска, домаќинка, сопруга и мајка на две деца. Поводот за нашата посета на Драчево е токму дворот на Јуле, рајска убавина на стотина метри квадратни. 

Од млада има љубов кон цвеќињата, од својата 15 година се занимава со одгледување и нега на најразлични видови растенија. Денес може да кажеме дека е мајсторка за уредување на градина, а за тоа допринесува не само нејзиното искуство, туку и префинетиот вкус и стил.

Кога годинава започнавте со уредување на дворот?

– Уредувањето на дворот е постојан процес барем кај мене. Секогаш нешто преместувам и додавам, но официјално уредувањето со нови цвеќиња го започнав на почетокот од месец април. Бидејќи пролетта ни доцни неколку години наназад, малку е потешко да се среди сè одеднаш, мора да биде постапно и си трае сè уште.

Дали нешто се промени од минатата година, нови цвеќиња, нови идеи?

– Промени секогаш има и мора да има за да ни биде поубаво и поинтересно, па така и оваа година направив промени со тоа што се подновив со некои врсти на цвеќе што до минатата година ги немав, а тоа се шебој, сенсевериа и многу видови на кактуси. Петунијата оваа година нема да ја има во мојот двор, ја заменив со лита лозлива сардела, но тоа не значи дека се откажав од петуниите.

Кој ти е најголем предизвик кога дворот е во прашање?

– .Самите цвеќиња се огромен предизвик да се сочуваат во зимскиот период и на пролет повторно да ги изнесам надвор, да разлистаат, да цветаат… Предизвик е кога од семе ќе произведам сопствен расад и тој расад расте до совршенство, а тоа е цветот кој како награда го добивам. Ете, тоа е најголемиот предизвик за мене.

Дали според тебе цвеќињата имаат симболика и каква?

– Секое цвеќе си има име, едно латинско и едно народно, па така си имаат и симболика. Дома имам многу видови на цвеќиња кои се симбол на љубов, здравје и среќа и како такви имаат посебно место и во моите очи и во мојот двор.

Какво цвеќе би сакала да добиеш на подарок?

– Сè што има зелен лист и цвет сакам да добијам на подарок, но кога би избирала што сакам најмногу, би посакала многу бугенвилии и палми, затоа што се посебни, егзотични и му даваат на дворот еден посебен изглед налик на рајска градина.

Инаку, Јуле е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Ви ја носиме атмосферата од преубавиот двор преку фотогалерија.

Фото – приватна архива 

(Фото сторија) Како го замислувате дворот од фантазијата? Го најдовме во село Ратево, а „магионичарот“ е Илија Брндевски

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....