-0.2 C
Скопје
07:01 - 11 март, 2026

(Фото сторија) Бугенвилиите од Будинарци, секое цвеќе си носи своја приказна во дворот на Дијана Касмска

Дијана Касмска по професија е професорка по странски јазици, дипломиран филолог, експертка за германски јазик. И иако, гледајќи ги фотографиите, од пределот каде што живее и каде што се наоѓа нејзиниот двор ќе помислите дека се некаква разгледница од Германија, сепак станува збор за Македонија и за селото Будинарци, во општина Берово.

– Дворот не е многу голем, но е мало парче уживање, преубаво за првото утринско кафе – со насмевка нè пречекува Дијана.

За уредувањето на дворот поголем дел од денот се грижи мајка ѝ на Дијана, но секако, и Дијана му се посветува со сета енергија и љубов, секогаш кога пронаоѓа слободно време.

– Секојдневно се посветуваме на дворчето, ги негуваме со потхрана на секои седум дена. За време на најголемиот ек на коронакризата, кога бевме „затворени“ дома, и кога имаше полициски часови, најголемо хоби ни станаа цвеќињата – ни раскажува.

Во дворот доминираат повеќесезонски цвеќиња како сарделите (слезени), петунии, каранфилче и слично. А најголема нивна љубов им се бугенвилиите.

– Бугенвилиите обожаваат сонце и топлина. Тие се совршени и за балкон. За сончеви дворови идеални се и сарделите, иако и со многу љубов и негување успеваат и петуниите – вели Дијана.

Најголем предизвик на Дијана е да може да го направи дворот, еден ден, како рајска градина, цел со цвеќе и зеленило.

– Најубав совет што и јас го имам добиено од една моја многу драга личност, би им го кажала на одгледувачите на цвеќе и обожавателите на Дворчето. „Ако сакаш да бидеш среќен еден ден, напиј се, ако сакаш да бидеш среќен два, три месеци, омажи се /ожени се, ако сакаш да бидеш среќен цел живот одгледувај цвеќе” – советува Дијана и нагласува дека „кое цвеќе и да го одгледувате, секое си носи своја убавина и приказна“.

Инаку, Емилија е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија. И да, Дијана е страсна љубителка на добра фотографија.

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Убава како орхидеја, весела како градина во пролет, таква е Емилија Велковска и нејзиниот двор

 

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....