13:22 - 7 ноември, 2026

(Фото) Српската манекенка се омажи за милијардер, а сега го покажа телото од милион долари!

Заностната Србинка, Аника Божиќ, која се омажи за милијардер, уште еднаш докажа зошто се смета за една од најубавите жени. Овој пат, ги воодушеви своите следбеници со серија жешки фотографии од егзотична дестинација, на кои позира во минијатурен костим за капење.

Аника прво ги остави сите без здив во провокативен жолт едноделен костим за капење кој совршено ги истакнувал нејзините долги нозе и витка фигура. Носејќи преголеми очила за сонце и елегантен накит, таа ужива на песокот додека тиркизните бранови се гледаат зад неа. Глетката е чист луксуз и заводливост.

Во друга серија фотографии, сопругата на арапскиот бизнисмен се пресоблекла во минијатурно бикини во сино-бели нијанси. Таа лежи на белиот песок, држејќи школка на лицето и гледа во далечината.

„Ова е тело од милион долари“, „Тој е најсреќниот човек на светот“, „Божица“, се само некои од стотиците коментари што ги преплавија нејзините објави.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anika Bozic Al-Sarraj (@anika_bozic)

Таа во една прилика открила како го запознала милијардерот и истакнала дека средбата не била филмска.

– Се запознавме преку заеднички пријател и на почетокот не бев воодушевена од него, а мислам дека ни тој не беше воодушевен од мене. Значи, не беше љубов и заљубеност на прв поглед, но подоцна преку дружење и преку пријателство всушност сфативме дека сме совршени еден за друг – открила таа тогаш за „Мондо.рс“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anika Bozic Al-Sarraj (@anika_bozic)

Манекенката Аника Божиќ веќе 12 години е во брак со арапскиот бизнисмен Јусуф Ал Сарај.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....