16:56 - 1 април, 2026

(Фото) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ објави фотографија од свадбата со трогателни зборови, а тој не го трга погледот од неа

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ и неговата 23 години помлада сопруга Исидора не престануваат да се огласуваат на социјалните мрежи по нивната тајна венчавка минатиот викенд.

Откако актерот објави фотографии од својата сакана во лежерно издание и без шминка, и таа објави фотографија од свадбената прослава со емотивен опис.

„Кога ги бројам своите благослови, тебе те бројам двапати“, гласи описот на фотографијата што ја објави Исидора, а на која позира прегрната со актерот.

 


Да потсетиме, Сергеј и Исидора, која е 23 години помлада од него, тајно се венчаа во црквата Св. Апостолите Петар и Павле на Топчидер, а по тој повод организираа прослава за тесен круг пријатели и членови на семејството.

Невестата блескаше во венчаница со бели детали од тантела, додека младоженецот облече темно сив сатенски костум.

 

Исидора потоа се пресоблече во црна комбинација, па младенците позираа пред црквата.

 

Слични објави

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо
Се вчитува....