10:19 - 13 ноември, 2026

Почина Вики Икономова, сопругата на пејачот на „Меморија“

Сопругата на Апостол Поце Икономов, Вики Икономова, почина вчера на 56-годишна возраст, по долго и тешко боледување.

Тажната вест ја објави Петар Георгиевски – Камиказа, долгогодишен соработник на Икономов и колега од групата „Меморија“.

„Вечнаја памjат, мир и спокој да најдеш, горе меѓу ѕвездите, Вики Икономова.

Поце те сакаше повеќе од сè, дури и од самиот себе. Во десетгодишната здравствена голгота, ниту еднаш не покажа слабост во траорната битка барајќи ‘иљач’ за твојата болест. Ја носеше подеднакво храбро и доблесно, како човек кој искрено љуби и се бореше до твојот последен здив.

Друже Поце, искрено сочуство. Секоја песна и тон со твојот ангелски глас, испеани на нашите концерти, на неа ѝ ги беше посветил. Затоа концертите беа посебни.

Вики почина по долго и тешко боледување во својата 56. година. Уште еднаш, светол да ти е патот до вечноста“, напиша Петар Георгиевски – Камиказа на својот фесјбук-профил.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....