18:22 - 1 април, 2026

(Фото) Сопругата на Канје Вест во еротски пози пред врската со раперот: Бринета од која се срами Ким Кардашијан

Новата „сопруга“ на Канје Вест, Бјанка Ценсори, продолжува да ги полни насловните страници. Шефицата за архитекура и дизајн во Yeezy и новата финансиска менаџерка на раперот е забележана како патува со него низ целиот свет, покажувајќи повеќе од што треба на контроверзен начин преку провокативни модни изгледи, а многумина сè уште се прашуваат за нејзиното минато пред да ја започне нејзината романтична врска со Канје.

Бјанка сега го привлекува вниманието откако на интернет повторно се појавија стари фотографии од нејзината кратка манекенска кариера. Австралиската архитектка може да се види како секси позира облечена во минијатурни бикини за брендот за костими за капење Sasha Label.

Фотографиите ја покажуваат и долгата кафена коса на Бјанка, која ја скрати по средбата со раперот, дебитирајќи со кратка пикси фризура во руса платинеста нијанса.

Фотографиите биле објавени на почетокот на 2021 година, речиси две години пред таа да почне да работи во Yeezy.

Сепак, се чини дека поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан, не е задоволна со изборот на Канје, сметајќи дека „нешто очигледно не е во ред“ со Бјанка, како што неодамна пренесе „Сан“. Изворот објасни дека „Ким е засрамена и загрижена за него“, додавајќи дека „секојпат кога Канје и Бјанка ги прават своите голи акробации; тоа ги потсетува сите дека Ким за време на бракот се облекувала во разголени, проѕирни и тесни парчиња облека“.

 

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....