19:38 - 30 јули, 2026

(Фото) Сопругата на Балашевиќ цела потечена во лицето: Откри што ѝ се случило

Оливера Балашевиќ, сопругата на познатиот музичар Ѓорѓе Балашевиќ,  со најновата објава на својот инстаграм-профил ги загрижи своите следбеници.

Имено, Оливера објави неколку фотографии на кои лицето ѝ е целосно потечено, но веднаш ја откри и причината.

Како што напишала, таа имала интервенција на забите, па големиот оток е составен дел од нејзиното закрепнување.

„Пред да ме спомнат со своите злонамерни претпоставки, да знаете имав интервенција на забите која знае вака да помине и со ваков оток“, напишала Оливера.

Таа потоа објави фотографија со внуката на која напиша:

„А единствената која ќе ме погледне на ист начин и ќе разбере е онаа која деновиве е почесто во прегратките на мајка си поради нејзините заби што излегуваат“, додала Оливера.

Слични објави

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova

(Фото) Длабоко деколте во црн атрактивен фустан: Слобода Миќаловиќ воодушеви со стајлингот

Еспресо

„Трета средба со Варшава, но пак немав среќа да ја видам сончева“: Каролина Гочева од дождливите улици на Полска

Еспресо

Елена Ристеска ги разнежни следбениците со прекрасни фотографии: „Мојата внука и јас, си пееме“

Еспресо

(Фото) Понекогаш е доволен само еден фустан за вечерта да стане незаборавна – ќе го најдете во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....