12:07 - 5 декември, 2025

(Фото) Сонувавме за ваква убавина и ја најдовме: Зелен рај на 1.500 метри квадратни – Лика Трајкова ни ги отвори вратите на дворот прегрнат од Беласица

Лика Трајкова била сметководителка, а од пред неколку месеци е пензионерка. И нејзиниот сопруг е пензионер, а претходно работел во сопствена фирма. Живеат во Струмица, но речиси секој ден тие се во нивната викендичка која ја имаат веќе 22 години, вгнездена на планината Беласица, оддалечена два ипол километри од село Три Води и 8 километри од Струмица.

Нивниот двор се простира на околу 1.500 квадратни метри.

– Со цвеќиња се занимавам уште од кога знам за себе, бидејќи мајка ми беше голем љубител на цвеќињата и таа традиција и љубов продолжува да се негува – ни открива Лика и додава дека за уредувањето на дворот им е заедничка обврска со сопругот, а во слободните викенди имаат помош и од нивната ќерка.

Дворот е вистински раскош од цвеќиња и зимзелини дрвца – од туји , смаргад, чемпрези до борови и цветни дрвца како јасмини, јоргован, индиски јоргован, леандри, картоп, велигденче… Меѓу цвеќињата пак, доминираат петунии, трендафили, бегонии, сардели, винки, импатис, секуленти, крин, ирис, но има и многу други видови.

– Направивме пластеник со домати и пиперки, органски, за наша исхрана – објаснува Лика.

Ни вели дека е љубителка на лековити билки и затоа и од нив има доста посадено – од пелин, жалфија, чувар на куќата, нане, мента, рузмарин, лаванда со гоџи бери, аронија, капини…

– Површината на дворот е голема и бара многу труд и посветеност – вели Лика која со сопругот минуваат секојдневно  3-4 часа активна работа во дворот.

Дворот цел ден е на сонце, а зимите се доста студени и затоа акцентот е на цвеќиња и дрвја што се отпорни на студено и на топло.

– Мој најголем предизвик ми е кога ќе зафатам некое цвеќе или дрвце, па потоа го набљудувам како расте и потоа да го скројам по мој мерак, бидејќи тоа ми е хоби, сите цветни и зимзелени дрвца јас ги кројам и оформувам по моја замисла – открива Лика.

Но, затоа пак, задоволството од вложениот труд е огромно.

– Секогаш кафето го пијам меѓу цвеќињата, природата нè исполнува и ни дава нова сила за работа – нагласува Лика и објаснува дека цвеќето сака љубов, внимание, труд, посветеност – „а тоа ти возвраќа со цветни убавини кои ти дават одмор за очи , мир и спокој на душата“.

Фото-приватна архива

(Фото) Медицински техничар со уметничка душа: Игор Стојановски изработува преубави украси за двор

Слични објави

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо
Се вчитува....