10:17 - 14 ноември, 2026

„Топ Ган – Маверик“ во првиот викенд од прикажувањето заработи над 134 милиони долари: Најголем успех во 40-годишната кариера на Том Круз

том круз

По 36 години Том Круз повторно ги стави своите пилотски очила, се качи на воениот авион и се вивна на топ-листите на Холивуд. Кино салите во америка се преполни, се бара карта повеќе. Фановите на „Топ Ган“ воодушевени од новиот филм на холивидската ѕвезда  „Топ Ган – Маверик“ заработи 134 милиони долари во првиот викенд откако почна да се прикажува во кината во Северна Америка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bloop (@bloop.42)

„Variety“ пишува дека ова е резултат на одличните критики, огромната носталгија и враќањето на Круз во пилотската кабина на авионот со кој изведува бројни акробации како пилотот Пит Маверик Мичел. „Топ Ган – Маверик“ е филмот со најголема заработка во 40-годишната кариера на Круз и неговиот прв филм кој надмина 100 милиони долари заработка во првиот викенд од прикажувањето.


Имено, продуцентите ја таргетираа публиката над 40-годишна возраст, демографската група која најмногу се двоуми кога е во прашање враќањето во кината. Позитивниот збор за филмот треба да му помогне на филмот на Круз да допре до помладата публика, оние кои не биле ни родени кога Топ Ган за прв пат беше прикажан пред 36 години.

Слични објави

Гоца Тржан ги насмеа сите: Проговори за Раша и својата висина од „метар и ќебап“

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо
Се вчитува....