10.8 C
Скопје
19:49 - 25 април, 2024

(Фото) Сите зборуваат за случајот Гвинет Палтроу: Како актерката ја користеше облеката за да победи на суд

Ако сте биле присутни на социјалните мрежи во последните денови, сигурно сте виделе бројни објави за судењето меѓу Гвинет Палтроу и пензионерот Тери Сандерсон, кој ја обвини дека го удрила при скијање на планина во 2016 година. Покрај бројните шеги и мемиња кои произлегоа од судницата на социјалните мрежи, забележливо е и како актерката пристапи кон изборот на гардероба за судските рочишта. Не брзајте да превртите со очите: сè е многу посериозно отколку што може да изгледа на прв поглед. Палтроу ја искористи облеката како аргумент, обидувајќи се со нејзина помош да го убеди судот (а во исто време и целиот свет, кој во реално време ги гледаше судењата) во нејзината невиност. Сигурни сме дека „судските“ дотерувања на актерката ќе се паметат долго време. Згора на тоа, таа сепак ја постигна својата цел: судот ја прогласи за невина и и додели … еден долар за отштета.

Еве кои стилски трикови ги искористила ѕвездата за да остави вистински впечаток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! Latin America (@eonlinelatino)

Идеален баланс на гардеробата

Гвинет се соочи со тешка задача: облекувањето за суд да не биде премногу луксузно – но не е ниту премногу едноставно. Советниците на глумицата добро знаеле дека со луксузна гардероба би прдизвикала иритација („Што си дозволува?!“). На крајот, сите знаат дека зборуваме за славна личност – а самиот случај е изграден околу инцидент во скап ски-центар. Но, дијамантите и чантите на Hermès би изгледале пригодни. Палтроу правилно го разбра контекстот и го направи единствениот правилен избор во корист на „тивкиот луксуз“. За сите рочишта ѕвездата избра скапи работи кои не врескаат за нивната вредност. Класична блуза во комбинација со The Row палто, чизми украсени со тантела во кафена боја на Celine, очила со тенка рамка на Гучи, минималистички златен накит Foundrae (патем изработен по нарачка). Во овој избор, може да се почувствува и доверба во својата исправност (зошто да привлечете премногу внимание кон себе ако сепак правите сè како што треба?), и почит кон судот (сите фотографии на актерката се крајно воздржани и соодветни во овој контекст) , и едноставна внатрешна смиреност, која не може, а да не ги освои и најуверените скептици. Во исто време, велнес гуруто не заборави на сопствениот бизнис: таа двапати се појави на суд во модни парчиња на нејзиниот сопствен бренд G.Lab by goop. Дали треба да појасниме дека крем кардиганот од нејзиниот бренд е веќе распродаден?

Избор на бои на облеката

Сепак, главната алатка на Палтроу беше шемата на бои. Таа одлично ја отслика пораката што сакаше да ја пренесе. Но, што е најважно: секоја употребена нијанса хармонично се вклопува во целокупниот наратив. Сите нејзини „судски“ изгледи се еден вид една долга изјава во која секој детал беше важен. Пригушените земјени тонови (кафеава, беж, маслинеста) рефлектираа смиреност и самодоверба. Нијанси на бело симболизираа чистота и невиност. Строга црна, сива и темно сина – сериозноста на намерите. Бледо розова – искреност. Секое парче облека избрано во соодветна нијасна се обидуваше да ни каже нешто – и беше непогрешливо прочитано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Corator (@the.corator)

Модни додатоци како порака

Палтроу не пропушти ниту еден детал. На нејзиниот имиџ работеа и додатоците – и не се работи само за чантите и накитот на кои сме навикнати. Во нејзиниот случај, дури и Smythson бележникот (повторно, луксузен, но дискретен) и еднократното шише за пијалоци (не мислевте дека гуруто на „зеленилото“ ќе пие вода од еколошки опасна пластика) беа осмислени. Ниту очилата со тенка рамка не беа случајни: многумина сметаат дека тие ја сугерираат професијата на тужителот: пред да се пензионира, тој бил офталмолог.

Но, главниот акцент сепак паѓа на чантата Селин од времето на британската модна дизајнерка Фиби Фило. Удобна, со убава боја на карамела и, се разбира, без очигледни знаци за идентификација – само оние кои внимателно ја следат модата можеа да ја препознаат. Но, главната работа: чантата не е од новата колекција на Селин. Очигледно, таа е долго време во гардероберот на Гвинет – и ова е аргумент во нејзина одбрана. Фактот дека актерката не се занимава со статусни додатоци од новите колекции зборува за неа како сериозна и одговорна личност. Кој не би поверувал тогаш во нејзините ставови за несреќата на скијање?

Слични објави

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо

Откриени детали од судењето на Гоца Тржан и Маја Николиќ: Пејачката е подготвена за војна со инфлуенсерката

jasmina.kantardzieva

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо
Се вчитува....