04:40 - 31 декември, 2025

(Фото) Шакира и Хамилтон си разменуваат загатки, но разоткриени се: По блузата „Версаче“, еден збор ги издаде љубовџиите

Дека Шакира и возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, имаат нешто повеќе од пријателство, веќе станува се посигурно. Гласините за нивната романса се повеќе од оправдани, иако постојат извори кои тврдат дека врската не оди подалеку од „добро пријателство“.

Според магазинот Ванитатис, извор близок до пејачката изјавил дека: „Шакира е на „пазарот“ на слободни мажи, но ниту Том Круз, ниту Хамилтон, ниту ѕвездата на НБА, не се во игра, туку станува збор за трета личност кој е музичар“. Сепак, и ова се покажа како чиста шпекулација и замајување на јавноста.

Но, иако засега ниту ги потврдија ниту ги демантираат гласините за врската, вистината е Шакира и Хамилтон (освен што се неколкупати уловени на вечера, во дискотека, на јахта…), си испраќаат чудни пораки преку нивните профили на социјалните мрежи, кои, како што открија корисниците на Инстаграм, се „шифри со порака“.

Пред извесно време, колумбиската пејачка беше романтично поврзувана со ѕвездата на НБА, кошаркарот Џими Батлер, откако таа присуствуваше на натпревар на Мајами Хит.

Во тоа време, Шакира ја објави следнава порака на своите социјални мрежи: „Ова е мојот акростих за денес“, напиша таа, користејќи ги иницијалите на зборот „Жештина“ (Херојски, извонреден, прекрасно, тим).

А сега британскиот возач ја фрли ракавицата на колумбиската пејачка и го употреби својот акроним односно шифрирана порака. И тоа станува збор за истиот збор.

Поточно, тој го искористи зборот во една од последните објави на Инстаграм. „Мајами Хит“, напиша возачот покрај фотографија на која игра со кошаркарска топка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton)

Вчера пак, беше разоткриено дека „Версаче“ блузата која Шакира ја носеше на Гран прито на Формула 1 во Барселона минатиот викенд, е подарок токму од Хамилтон кој е близок пријател на Донатела Версаче и кои неколку дена претходно беше во првиот ред на нејзината ревија каде ја претстави колекцијата која ја вклучуваше и конретно таа блуза.

(Фото) Шакира доби подарок од Луис Хамилтон: Блуза „Версаче“ од 1.389 евра, специјалано нарачана од Донатела

 

Слични објави

Откажан настапот на Теа Таировиќ пред Нова година: Социјалните мрежи „горат“

E.A.

Големи промени во 2026: Кристина Арнаудова пресече

msp-admin

Надица Адемов едвај чека да заврши 2025 година: „Настинка, температура, кашлица… “

E.A.

Јелена Карлеуша проговори за наводните изневерувања на Душко: „По мене нема да може да има врска со жена“

E.A.

„Пет години однапред имал посебен план“: Еве што правел Филип Живојиновиќ во сенка

E.A.

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ го покажа најхрабриот стајлинг: Ретко кој се осмелува да облече ваква комбинација

Еспресо
Се вчитува....