9.8 C
Скопје
12:47 - 1 април, 2026

(Фото) Сека Алексиќ отиде на матура со девојчето кое беше малтретирано од врсници: Хумана поддршка која треба да стане пракса на познатите

Сека Алексиќ неодамна беше потресена од веста за девојче кое децата го омаловажуваат поради нејзината националност и затоа што никој не сакал да оди на матура со неа, а сега пејачката го исполни ветувањето.

Веднаш штом ја видела објавата на социјалните мрежи, пејачката го контактирала семејството и ги известила дека ќе оди на матура со девојчето, бидејќи никој од врсниците не сакал да оди со неа.

Неколку недели по објавувањето на веста, дојде денот кога ова девојче требаше да оди на матура, а како што вети Алексиќ, таа пристигна во нејзиниот град со огромен букет цвеќе, го прегрна девојчето, ја фати за рака и отиде на матура.

За овој настан, Сека дојде во многу едноставна модна комбинација од црни панталони, јакна и маица, скапа чанта и каубојски чизми, додека девојчето за оваа посебна вечер избра црн краток фустан и бели патики во согласност со нејзините години.

Да потсетиме, се започна кога корисник на Твитер објави приказна за девојче кое трпи насилство од врсниците во основното училиште „Петар Петровиќ Његош“ во Врбас. Овој гест на популарната пејачка следуваше по објава на една жена која изнела застрашувачки детали за психичко малтретирање на девојчето.

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....