14:48 - 27 ноември, 2026

(Фото) Се бакнуваат, таа стави и сино срце: Љубовната објава на Милица Тодоровиќ ги воодушеви луѓето!

Пејачката неодамна го роди своето прво дете, на кое е целосно посветена.

Српската јавност наголемо зборува за љубовниот живот на пејачката Милица Тодоровиќ уште откако го роди синот Богдан, кого го доби со оженетиот партнер.

Милица, во првите денови од мајчинството, се огласи и соопшти дека ќе зборува за сè кога ќе дојде време, но дека сега ѝ е неопходен мир за да се посвети на своето бебе.

Пејачката повеќе не е толку активна на социјалните мрежи како пред бременоста, меѓутоа, откако објави фотографија од својот син и својата рака, сега повторно одлучи да сподели трогателна објава со светот.

Таа објави фотографија на една верверичка како бакнува друга, помала, а додаде и емотикон во форма на сино срце, па може да се сфати дека објавата е посветена на неа и нејзиниот син.

Да потсетиме, партнерот на Милица не ѝ е познат на јавноста и не се експонира во медиумите, но по хаосот што настана кога се дозна дека е оженет, сподели цитат на својот профил на Инстаграм што многумина го протолкуваа како коментар за неговата животна ситуација.

– Глувците често зборуваат за лавот. Глувците ги живеат туѓите животи. Но, се без здив од својот страв. Не го сакаат лавот, но му се восхитуваат – напиша тој и предизвика големо внимание, а воедно ова беше и неговото прво огласување.

За потсетување, во медиумите се огласи извесна Љ. М., која тврди дека е законска сопруга на таткото на детето на Милица Тодоровиќ.

 

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....