9.8 C
Скопје
18:03 - 30 март, 2026

(Фото) Саша Поповиќ го паркирал своето ново Ферари среде пешачка зона во Белград на вода

Саша Поповиќ е фатен како непрописно го паркира својот луксузен автомобил, ни помалку ни повеќе туку на тротоарот на местото за пешаци.

Како страстен љубител на скапите автомобили, Саша не ја крие љубовта кон нив, а во својот возен парк поседува повеќе од различни марки.

Меѓутоа, на Инстаграм сега се појави фотографија од неговиот автомобил Ферари паркиран на пешачка зона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eko Straža (@ekostraza)

Ова ја налути јавноста, а под објавата која за краток период стана вирална има бројни коментари.

„А можеби и нема пари да плати паркинг“, „Зезнато е кога сите те препознаваат по регистарски таблички“, „Дрскост“, „Гаражата е далеку“, „Какво е ова фалење и криење зад живата ограда?“, „И јас би паркирал така ако возам Ферари“ – ова се само дел од коментарите за Поповиќ.

Да потсетиме, Саша Поповиќ е горд сопственик на бројни скапи автомобили. Во неговата колекција не недостасува ништо – од Ферари, Ламборџини, Мерцедес…

Еден од последните автомобили што ги купи на крајот на минатата година, поточно на 21 декември 2023 година, е моќното црвено Ферари, за кое платил дури 500.000 евра.

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....