-1.2 C
Скопје
04:12 - 11 март, 2026

(Фото) Роберт де Ниро првпат во јавност со мајката на неговото седмо дете: Вљубен е до уши во махерката за боречки вештини

Холивудскиот актер Роберт де Ниро за прв пат се појави во јавноста со мајката на неговото седмо дете Тифани Чен, пренесува Мирор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leyla 🍿 (@lleeyla)

Роберт де Ниро (79) и неговата девојка и инструкторка за боречки вештини Тифани Чен (45) заедно присуствуваа на премиерата на новиот филм на актерот, The Flower Moon Killers, на Канскиот филмски фестивал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Де Ниро и Чен се држеа за рака во текот на целата вечер и заедно позираа пред фотографите. По премиерата, парот отиде на забава организирана од списанието Венити Фер (Vanity Fair) и модната марка Прада (Prada).

На 9 мај се дозна дека 79-годишниот Роберт Де Ниро стана татко по седми пат. За време на интервју со новинар од порталот ET Canada, на актерот намерно или ненамерно му се „испуштило“ дека сега има не шест, туку седум деца.

„Само што ми се роди бебе“, рече тој.

Мајка на седмото дете на Роберт Де Ниро е неговата инструкторка по боречки вештини Тифани Чен, која актерот ја запозна на снимањето на „Приправник“ во 2015 година.

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....