19.8 C
Скопје
13:22 - 9 октомври, 2026

(Фото) Првпат сите тројца заедно на море: Анастасија и Немања го однесоа синот Илијан на одмор

Ќерката на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, неодамна станаа родители. Анастасија се породи и на свет донесе син на кого гордите родители му го дадоа името Илијан. Новопечените родители заедно со бебето уживаат во одморалиште во Шпанија во близина на Севиља.

Анастасија Ражнатовиќ по стапувањето во брак се пресели во Севиља во Шпанија, каде што живее во луксузна куќа со својот сопруг, српскиот фудбалер Немања Гудеља.

Тие неодамна ја споделиja среќната вест дека станале родители и дека добиле син кого го крстиле Илијан.

Анастасија вчера сподели момент додека Немања ја буткал детската количка и се грижел за наследникот, а двојката со својот син моментално ужива во одморалиште во близина на Севиља.

Тие одличиле да се опуштат на море, па избрале блиско одморалиште, а ова е и првата година што се на море со својот син.

Да потсетиме, Анастасија и Немања Гудељ станаа горди родители на момче, кое пристигна на свет на 15 јули.

Анастасија Гудељ роди син тежок 3.600 грама, кого двојката го крсти Илијан, што значи „Оној што му припаѓа на Бога“.

Анастасија се породи во приватна клиника во Шпанија, каде што семејството Гудељ беше цело време со неа, а во семејниот дом во Севиља, сè било подготвено за доаѓањето на мајката и бебето.

 

Слични објави

(Видео) „Долго ја чувавме нашата тајна“: доаѓа принова во семејството на Теодора Џехверовиќ

Еспресо

Драгана Клопчевска откри детали од бракот со Брејк: „Ако некоја му се пушта, јас прва ќе реагирам“

apostolova

Прекрасна љубовна приказна на Александра Пилева за запознавањето со сопругот: „Јас сакам да те оженам“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Слатко задоволство со мирис на есен— крцкави штрудли со јаболка и цимет, готови за половина час

К.С.

Калиопи откри што направила со необјавената песна со Тоше Проески: „Ја ставив во неговиот ковчег, таа си замина со него“

К.С.
Се вчитува....