05:39 - 31 октомври, 2026

(Фото) Горан Папаз и Наташа ги крстија близнаците во Охридското Езеро

За семејството на музичарот Горан Папаз и неговата сопруга Наташа, годинашниот Илинден ќе остане запаметен по еден посебен настан. На 2 август, кога православните верници го чествуваат Свети Илија, тие ги крстија своите три деца – близначките Лена и Луна и нивниот брат Лазар.

Светата тајна беше извршена во водите на Охридското Езеро, во близина на Пештани, каде што најмладите членови на семејството го примија крштението и станаа дел од православната христијанска вера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gօrαn Pαpαzz (@goranpapazz)

Дел од атмосферата од овој значаен ден Папаз сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од крштевката. Како и секогаш, објавата ја зачини со доза хумор.

„Си биле: поп, три бебиња и ладна вода… не е почеток на виц. Лена, Луна и Лазар успешно го „поминаа тестот“ и веќе се крстени во водите на Охридското Езеро. Честито и среќна крштевка, души мамини и татини.“

Неговата објава брзо привлече внимание, а под фотографиите се нижеа бројни честитки и убави желби од пријатели, колеги и обожаватели. Многумина на Лена, Луна и Лазар им посакаа да растат во здравје, љубов и со Божји благослов, а на нивните родители уште многу вакви среќни семејни мигови.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо

Откажан настапот на Весна Змијанац поради здравствени проблеми: Пејачката се огласи и откри зошто нема да пее

Еспресо
Се вчитува....