21:44 - 3 ноември, 2026

(Фото) Прва фотографија од Мина Костиќ и Каспер по нејзиното излегување од психијатарската установа

Пејачката Мина Костиќ неодамна поради здравствени проблеми беше хоспитализирана во болницата „Лаза Лазаревиќ“, која минатата недела ја напушти. Во најтешките моменти, покрај Мина беше нејзиниот свршеник Каспер, кој поради нејзиното нерушено здравје итно отпатува од Америка.

Мина и Каспер не се одвојуваат еден од друг, а колку се среќни и исполнети покажува нивната прва заедничка фотографија што ја споделија на социјалните мрежи.

Имено, Мане Ќурувија Каспер сподели објава со пејачката Мина Костиќ, која целосно го променила својот имиџ.

Таа сега има кратка коса, била дотерана и насмеана, па очигледно е дека проблемите се зад нив. .

Пејачката и нејзиниот избраник позираале насмеани во дворот зад нејзината куќа со кратка порака: „Ве сакаме“.

 

Мина и Мане Ќурувија Каспер ја започнале својата романса преку социјалните мрежи, а тој работи во Америка.

– Ниту една работа не ми е туѓа. Компанијата во која работам има 88 гаражи на Менхетен и имаме месечни клиенти. Во компанијата во којашто работам се вработени 1.500 работници. Работев секакви работи, секакви чесни работи, не се срамам од ниту една работа. Обичен човек, одличен работник и со гордост можам да кажам со полна уста дека отсекогаш сум бил некој што заработувал пари со 10 прсти – рече тој неодамна.

 

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо
Се вчитува....