12:15 - 4 ноември, 2026

„Ти си мојот евергрин, мојата религија“: Со потресна порака Фросина Фро се прости од Владо Јаневски

По смртта на Владо Јаневски, од него со емотивна порака се прости и неговата долгогодишна пријателка Фросина Фро.

Таа на социјалните мрежи објави нивна заедничка фотографија, направена, како што напиша, во март годинава, и откри дека повеќе од 17 години биле блиски пријатели.

„Мојата последна слика со тебе, негде во март годинава, тајно моја отровна. Мојот пријател на кој со саати на телефон му раскажував сè што ме мачи, сè што ме радува…“, започнува нејзината објава.

Фросина откри дека иако живееле во различни градови, секојдневно биле во контакт, заедно вежбале, разговарале за книги и си биле поддршка во тешките моменти.

Во објавата напиша и дека последен пат го видела во болница пред една недела.

„Те видов последно во болница пред една недела, но ќе те гледам секој ден во моите мисли, во душава, додека собира снага да те преживее“, напиша таа.

На крајот од емотивното простување, Фросина порача дека Владо Јаневски засекогаш ќе остане дел од нејзиниот живот.

„Ти си мојот евергрин, мојата религија, дел од мојата животна приказна последниве 17 години си ти. И ти секогаш си сега. Никогаш нема да си минато… И знам, некогаш и негде, ќе те сретнам пак… И знам дека што и да е ќе помине. Но ти нема никогаш да ми поминеш“, напиша Фросина Фро.

Слични објави

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.
Се вчитува....