03:30 - 7 април, 2026

ФОТО ПРИКАЗНА: Сузана Спасовска издаде ЦД и КАСЕТА со нејзината музика по повод 35 години на музичката сцена

Нашата познатата фолк-пејачка Сузана Спасовска или како што публиката милува да ја нарече – Сузе Национале“ одвреме навреме ги радува своите бројни обожаватели со по некоја фотографија на социјалните мрежи, а денес пејачката имаше посебно изненадување за својата верна публика.


Пејачката денес, преку својот официјален фејсбук-профил се обрати до својата публика:

„Драги пријатели, дури и во ова време – невреме, душата си бара барем за момент да се расположи со убава македонска песна. Веќе 3 години мојот музички опус се наоѓа на сите светски дигитални платформи, и македонската песна ја слушаат насекаде по светот, а денес, со гордост ви го најавувам мојот јубилеен музички проект – ЦД и КАСЕТА „Приказна“. За да изгледаат уникатно и единствено на овие простори, а и пошироко, се погрижи мојот драг пријател и верен соработник Дејан Величковиќ (концепт, дизајн, едитирање) и Сара Петковска (илустрации по дизајн) на кои бескрајно им благодарам што се вложија со сета своја умешност“ – напиша пејачката.

Пејачката мината година во декември одбележа 35 години активна кариера и години поминати на музичката сцена.


Пејачката неодамна го прослави 57 – миот роденден, но според изгледот првата бројка од свеќите на роденденската торта слободно можеме да ја замениме со бројот четири. Очигледно музиката ја одржувала нејзината младост низ годините, а сега тоа го прави нејзината внука Клара.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....