03:43 - 20 февруари, 2026

(ФОТО ПРИКАЗНА) РАЈСКО ДВОРЧЕ ВО СЕЛО ЈОСИФОВО: Убавината не доаѓа сама, туку привлечена од љубовта!

Денес разговараме со Весна Таневска, домаќинка, која веќе шест години активно се занимава со одгледување на цвеќиња. 

фото – приватна архива

Весна не е сама во оваа нејзина пасија, вели дека целото семејство се одговрни за уредување на нивниот навистина прекрасен двор и дека сите се активни околу дворот.

Дворот се простира на околу 130 квадрати, се наоѓа во село Јосифово, Валандово. 

Меѓу изобилството на раскошни цвеќиња и растенија, во дворот, сепак, доминираат калинката, дуњата, смоквата, сливата, кајсијата, кинеската мушмула, а тука се и борчињата, палмите и секакви видови на сардели.
Ја прашуваме Весна кое ѝ е нејзино омилено цвеќе, а таа низ насмевка ни одговара дека „нема омилено“ и дека сите ѝ се убави на свој посебен начин.
Оваа рајска убавина си бара многу вложена љубов и труд. 
– Цвеќињата бараат преку пет до шест часа работа дневно , некогаш и повеќе – искрена е Весна.
За крај, ја прашуваме нашата домаќинка за градинарски совет од неа за оние кои сакаат токму оваа пролет да почнат да се занимаваат со одгледување на цвеќиња, од каде да почнат?
– Секое цвеќе е убаво доколку се одгледува со многу љубов – вели Весна и додава – затоа може било кое цвеќе да се одгледува, дури и за почеток, нека биде по сопствен избор.

Инаку, Весна е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА, А ФАМИЛИЈА ТАНЕВСКИ ИМ ПОСАКУВААТ МНОГУ СРЕЌА НА НОВИТЕ ПОЧЕТНИЦИ:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Во дворот на Андријана Савовска, мајка на четири ќерки: Сè што се работи со љубов се враќа со убаво!

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....