16.8 C
Скопје
12:56 - 20 април, 2024

Сè е подготвено за ноќта на ОСКАРИТЕ: ОВИЕ ѕвезди ќе доделуваат награди на сцената, се очекува и обраќање на Зеленски

Со нетрпение се очекува враќањето на холивудскиот гламур по пригушеното одбележување на Оскарите во сенка на пандемијата, и нискиот рејтинг од минатата година, иако годинава – со поглед кон кризата во Украина. Очекувано е и претседателот на Украина, Зеленски, Ноќта да се обрати преку видео врска.

Церемонијата ќе се одржи во недела на 27 март во театарот Долби во Лос Анџелес, вечерта помеѓу недела и понеделник по македонско време.

„Ова се навистина важни моменти во историјата на човештвото, и ние сме свесни за тоа – рече извршниот продуцент Вил Пакер за време на прес-конференцијата за Оскарите и додаде  – „среќни што успеавме да го организираме ова шоу“.

Пред неколку дена, Ејми Шумер, водителка на церемонијата заедно со Ванда Сајкс и Реџина Хол, предложи да му се даде простор на украинскиот претседател Володимир Зеленски со сателитска врска. Пакер не прецизираше дали идејата е прифатена или не, но објасни дека програата на настанот, до детали, се уште се дефинира.

Мила Кунис, која е Украинка и која заедно со нејзиниот сопруг Ештон Качер собраа 35 милиони евра за украинските бегалци, сепак треба да упати апел за време на шоуто.

Со свои размислувања за Украина ќе се обрати и Паоло Сорентино, чиј филм „Тоа беше Божја рака“ е номиниран за најдобар странски филм.

КОИ ЅВЕЗДИ ЌЕ ДОДЕЛУВААТ НАГРАДИ?

Еден од новитетите на ова издание е триото водителки, Ејми Шумер, Ванда Сајкс и Реџина Хол.

Ѕвездите кои се очекува да ги доделат наградите на ноќта на Оскарите се Бил Мареј, Лејди Гага, Кевин Костнер, Семјуел Л. Џексон, Зои Кравиц, Ентони Хопкинс, Лили Џејмс, Мила Кунис, Џон Легуизамо, Симу Лиу, Рами Малек, Лупита Нионго и Рози Перез.

Покрај нив ќе се појават и Џејсон Момоа, Серена и Венус Вилијамс, Крис Рок, Јун Јух-јунг, Шон Диди Комбс, Џејми Ли Кертис, Вуди Харелсон, Шон Мендес, Тајлер Пери, ХЕР, Тифани Хадиш и Елиот Пејџ.

ЗАНИМЛИВОСТИ

Џуди Денч, номинирана за најдобра споредна женска улога за филмот „Белфаст“ на Кенет Брана, би можела да постави рекорд со тоа што ќе стане најстарата победничка досега во актерска категорија.

Британската актерка – ветеран има 87 години, четири години постара од сегашниот рекордер Ентони Хопкинс кога победи за „The Father“ во 2021 година. Но, Денч не е најстариот актерски кандидат: Кристофер Пламер имаше 88 години кога беше номиниран за „ Сите пари на светот“ во 2018 година.

„Drive My Car“ е кандидат за најдобар филм но воедно тоа е и најдолгиот овогодишен филм, со 179 минути. Но, тоа не е најдолгиот филм во историјата на Оскарите.

За најдобар најдолг филм е прогласен „Однесено со виорот“ со должина од 238 минути!

Сепак, најдолгиот филм што некогаш добил Оскар е „Војна и мир“, со неверојатни 414 минути – скоро седум часа – кога ја доби наградата за најдобар странски филм во 1968 година.

Слични објави

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо
Се вчитува....