12.8 C
Скопје
05:50 - 6 октомври, 2024

Во дворот на Андријана Савовска, мајка на четири ќерки: Сè што се работи со љубов се враќа со убаво!

Андријана Савовска по професија е негувателка во градинка, а моментално и студент на педагошкиот факултет. Мајка е на четири ќерки. Дворот на семејството Савовски се наоѓа во Ранковце, паланечко. 

„Повеќето од нашите украси се направени како саксии за цвеќе, па служат да го надополнат и да го разубават дворчето“, фото – приватна архива

Андријана не само што има огромна умешност со децата, туку таа е и махерка за изработка на украси за двор.

– Со изработка на украси започнавме со маж ми Дејан, најпрвин само за нас за да го уредиме нашето дворче. Тоа беше пред 3-4 години. Но со продажба почнавме пред една година. На почетокот имавме калап само за изработка на лебед, потоа едно по едно, го зголемувавме нашиот асортиман на украси – ни раскажува Андријана.

Нејзиниот сопруг е задолжен за изработката, а Андријана – за боењето, за комбинирањето на бои и додавање на мали детали, како на пример, крошните на магаренцето.

– Украсите ги изработуваме секогаш од бетон, со железо, и ги боиме со фасадна боја која е отпорна на вода и сонце – додава таа.

Секако, изработката си бара и многу љубов и вложен труд, а тоа се гледа и по финалниот производ.

–  За еден украс да биде готов за продажба, зависи од времето, но требаат околу десет дена за да биде исушен и подготвен за бојадисување. Ни предлагаа украсите да ги правиме од гипс бидејќи е многу побрзо, но сепак, мислам дека гипсот го нема квалитетот на бетонот – искрена е Андријана.

Во изработките на Дејан и Андријана доминираат животните и по некоја печурка. Во село од нив имаат многу, а децата ги обожаваат – мачиња, кучиња, зајчиња…За сега, најбарани им се лебедите и магаренцата.

– Лебедите посебно! – нагласува нашата ведра соговорничка.

Ја прашуваме што сè се подразбира под украси за двор.

– Јас најпрво би ги ставила цвеќињата, а повеќето од нашите украси се направени како саксии за цвеќе, па служат да го надополнат и да го разубават дворчето – вели Андријана.

Изработуваат и црквички.

– Црквичките се доста популарни, ние си направивме една за нас, но и тие исто така бараат многу време за изработка.

Инаку, цените на украсите се скромни, па така секој може да си ги дозволи овие уметнички убавини на Андријана и Дејан, секој може да си го разубави своето дворче.

Големата љубителка на цвеќиња е горда на петуниите во нивниот двор.

– Во моето дворче преовладуваат петуниите и џунџулето, хризантеми и палми. Посебно горда сум на петуниите на кои, ако им посветите внимание, ќе ве радуваат со многу цветови – забележува таа.

За крај, совет од Андријана за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со граднарство, а се почетници.

– На почетниците градинари би им препорачала дека во сè што се вложува труд и се работи со љубов се враќа со убаво!

Инаку, Андријана е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Видео) Александра Пријовиќ направи спектакл со концерт во Виена, еве како изгледаше

еспресо

(Видео) Потресената Дара Бубамара го откажа концертот поради поплавите во Босна и Херцеговина: „Ова е страшно! Сочувство до семејствата…“

Еспресо

Телефонската линија на жртвите на Шон „Диди“ Комбс жежи: Ја преплавија 12.000 повици за 24 часа

еспресо

Среќен викенд: Три хороскопски знаци кои ќе имаат среќа на 5-6 октомври

еспресо

(Видео) Во Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивно решение за „враснато влакно“

еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно личи на своето старо јас: Пeјачката ја покажа својата извајана фигура

Еспресо
Се вчитува....