17:38 - 6 ноември, 2026

(Фото) „Пред 19 години се соочив со страв“: Гоца Тржан емотивно ѝ се обрати на својата ќерка

Ќерката на Гоца Тржан, Лена Маринковиќ, го прослави 19-от роденден, а по тој повод пејачката се огласи на социјалните мрежи и ги трогна своите следбеници со емотивна објава.

Гоца објави заеднички фотографии со ќерката, заедно со порака во која зборувала за своите стравови и животни предизвици.

– Оваа наша заедничка слика од нуркање е толку симболична: Сакав да ти помогнам да го победиш стравот од длабочината, стравот од непознатото, стравот од ајкулите и затоа се соочивме заедно со нив. Исто како што јас пред 19 години се соочив со стравот од загубата, од животот, од безусловната љубов и ти ми дојде како награда и начин да ги победам. И ти стана мојата најголема радост и вознемиреност во исто време. Моја прекрасна ќерко, нека ти е со среќа уште една нова година од животот, завршување на средното училиште, матура, почеток на нов животен циклус што може да ти донесе нови стравови… За мене и за Рашо, твојот страв е само нова скала што ќе ја прегазиме заедно. Те сакаме – напиша Гоца.

Инаку, Лена се пофали со романтичен подарок кој, веројатно, го добила од својот избраник, фудбалерот на Партизан – Вукашин Јовановиќ.

Лена добила огромен букет розови цвеќиња, како и нејзините омилени бонбони – киндер јајца. Во цветниот аранжман имало и фигура на срце со натпис „Те сакам“.

 

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....