04:04 - 7 ноември, 2026

Се налути Анета Љумаковска: Не можеш со драми и хаос да ми влезеш во животот

Фолк-пејачката Анета Љумаковска, која неодамна се омажи за колегата Рубин Размо, лута се огласи на Инстаграм.

Пејачката, која важи за еден од најдобрите и најмоќните вокали на нашата фолк сцена, ретко споделува детали од приватниот живот, но кога го прави тоа, остава силен впечаток.

Фото/Инстаграм

Таа преку својот инстаграм-профил испрати директна порака. Со илустрација на лута лавица со наслов „Незапирлива“ (I’m unstoppable), Анета напиша:

„Нема да дозволам веќе на никој да ми потроши ни секунда од мојот живот. Јас ќе живеам и ќе уживам и ќе одам по својот сопствен пат. Не можеш ти со сто проблеми, драми и хаос да ми влезеш во мојот живот и да очекуваш јас да го носам тој товар наместо тебе. Мојот мир е привилегија и не е ниту јавно место, ниту место за лекување на било кој. Или си на иста фреквенција со мене или тргни се од мојот пат и немој да ме оптеретуваш.“

Фото/Инстаграм

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....