23:04 - 6 ноември, 2026

Траен белег во срцата: Блага Петреска ќе добие награда за животно дело на „Фолк фест Валандово“

„Фолк фест Валандово 2026“ со особена чест ќе ѝ ја додели Наградата за животно дело на Блага Петреска, доајен на македонската народна песна и едно од најзначајните женски вокални имиња во поновата историја на нашата музика.

Блага Петреска е пејачка која со децении ја носи македонската песна со достоинство, препознатлив глас и искрена емоција. Нејзините изведби останаа блиски до публиката, а нејзиното име е врзано за песни што се пеат, се паметат и се пренесуваат од генерација на генерација, објавија организаторите на фестивалот на социјалните мрежи.

„Блага Петреска е добитничка на Наградата за животно дело на ‘Фолк Фест Валандово 2026’ затоа што е доајен на македонската народна песна. Таа ни подари некои од најголемите хитови токму на овој фестивал. ‘Ти ме предаде’, ‘Заљуби се’ и ‘Пеам да не заплачам’, станаа нераскинлив дел од нашето музичко наследство, а нејзиниот глас, полн со емоција, остави траен белег во срцата на публиката“, изјави Горјан Стојановски, директор на „Фолк Фест Валандово“.

Нејзиниот музички пат е изграден врз образование, работа и голема посветеност. Завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три ипол децении била член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје.

Во историјата на „Фолк Фест Валандово“, Блага Петреска има свое посебно место. Во 1987 година, со песната „Заљуби се“, ја освои првата награда од публиката, признание кое најдобро покажува колку силно нејзината песна допрела до слушателите. Во 2022 година, фестивалот ѝ ја додели и Наградата за трајни вредности, како потврда за нејзиниот значаен придонес кон македонската народна песна и фестивалската традиција.

Низ својата богата кариера, Блага Петреска снимила голем број плочи, ЦД изданија и песни со разни оркестри и музички состави. Нејзината интерпретација секогаш се одликувала со мерка, чиста емоција и почит кон песната. Таа припаѓа на генерацијата пејачки кои публиката ја освојуваат со глас, со достоинство и со вистинска емоција во изведбата, емоција на која публиката ѝ верува.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....