07:55 - 7 ноември, 2026

(Фото) Попоски: Снег падна и во соседна Бугарија

– Студениот бран кој го зафати целиот Балкан и донесе невообичаено ниски температури на воздухот, освен што донесе снежни врнежи во Алпскиот регион, тој донесе снежна бајка и на планинските врвови во соседна Бугарија, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски кој ни испрати и фотогрфии.

Погледнете во продолжение:

– Снегот паѓаше на врвот “Мусала”, на планината Рила во Бугарија на надморска височина од 2925 метри. Овој е највисокиот планински врв на Балканот.

Освен со снег, регионот беше погоден од силно невреме изминатиот период, а особено во Словенија невремето предизвика катастрофални поплави, и одзема и неколку човечки животи.

Од наша страна најавено беше дека ќе има големо заладување на времето, па и снег на високите места, а во деновите пред нас очекуваме пораст на температурите и враќање на летото, сепак екстремно високи температури не се очекуваат – објаснува Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....