12:30 - 7 ноември, 2026

(Фото) Победи на „Ѕвездичките на Пинк“, па доби улога во индиска реклама: Како денес изгледа малиот Љуба кој ги расплака сите

Кога Љуба Станковиќ првпат се појави во „Ѕвездичките на Пинк“, веднаш ги освои срцата на публиката и на членовите на жирито.

 


Љуба на само шест години пееше како ангел, а веднаш стана и главна атракција. Поради неговиот глас, членовите на жирито често плачеа, а на неговите интерпретации не останаа имуни ниту Гоца Тржан и Јелена Томашевиќ, а на крајот и победи.

Тој неодамна се појави во емсијата „Амиџи шоу“ и ги изненади сите, бидејќи многу пораснал и се променил, па повторно ги воодушеви сите со својот изглед. Малиот Љуба облекол син костум, а многумина ја забележале неговата „шик“ фризура.

 


Станковиќ сè уште се занимава со музика, пее и настапува во странство, а беше објавено и дека добил улога во индиска реклама, што и самиот го потврди со објава на својот инстаграм-профил:

„Реклама за индиска телевизија“, пишува во неговиот пост од 2021 година, а во една емисија открил дека имал понуда да влезе во реално шоу.

 


– Вистина е дека добив понуда да влезам во реално шоу, тогаш бев многу мал. Сакаа да влезам, на татко ми му понудија 100.000 евра, но тој не дозволи. Мене сето тоа ми изгледа интересно, додека го гледам на малите екрани, но мислам дека мене местото не ми е таму. Ниту сега не би влегувал, гледам во мојот правец, да бидам што повеќе во студио и да работам нови песни. Повеќе не сум за никакво натпреварување, ниту за реални шоуа – изјави во една прилика Љуба.

 

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....