17:35 - 17 февруари, 2026

(Фото) По Сторми Даниелс, и убавицата Карен Мекдугал има што да каже за Доналд Трамп: Ѝ платил за молчење „дебела“ сума

Поранешниот американски претседател и се обрати на јавноста од истата салата за настани и прес конференции во неговиот дом во Мар-а-Лаго, по сослушувањето кое ги разбранува стратите на јавноста.

Трамп е обвинет дека и платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година да молчи за нивната љубовна романса кја се случила пред претседателските избори, а која тогаш би можела да го попречи неговото влегување во Белата куќа. Порно ѕвездата Даниелс рече дека тајкунот ѝ платил 130.000 долари за молчењето. Трамп ги отфрла обвинувањата и тврди дека тие се политички мотивирани.

Бизнисменот е обвинет за поткуп на порно актерката Сторми Даниелс, а тоа може да го чини Трамп затворска казна. Сепак, ова не завршува тука бидејќи има уште една жена која сега го обвинува поранешниот претседател на САД, а станува збор за поранешната манекенка на Плејбој, Карен Мекдугал.

Карен Мекдугал тврди дека и таа имала вонбрачна врска со Трамп помеѓу 2006 и 2007 година. Во 2016, убавицата ја раскажала ексклузивно својата приказна со Трамп за весникот Енквајер, но на крајот не била објавена по ургенција на Трамп врз уредништвото.

Сепак, за да ја замолчи, Трамп ѝ платил 150.000 долари, односно повеќе од сумата која ѝ ја исплатил на љубовницата Сторми.

 

Слични објави

На Мис Универзум ѝ се слоши на парада: Убавицата ги поздравуваше сите, па наеднаш изгуби свест

apostolova

Тишина која боли: Марија Шерифовиќ се огласи на значаен датум, причината ги допре сите

Еспресо

(Фото) Инди објави провокативна фотографија: Нозете во вис, мрежести чорапи и лисици на штиклите

Еспресо

Алка Вуица ќе стане баба: Нејзиниот син Ариан и идната снаа чекаат прво дете

Еспресо

Мина Костиќ и Каспер пишуваат книга: „Тоа ви го должиме по сè што поминавме“

Еспресо

Познатата пејачка за Милица Тодоровиќ: „Би сакала да седне со неговата жена и да се договорат“

Еспресо
Се вчитува....