17.8 C
Скопје
16:57 - 11 март, 2026

(ФОТО) Ова се мајка ѝ и двете сестри на Џенифер Лопез: СИТЕ СЕ УБАВИЦИ И МНОГУ СИ ЛИЧАТ!

Ѕвездата објави фотографии со нејзината мајка и двете сестри, забележете ја сличноста!

Џенифер Лопез е една од најомилените и најценетите ѕвезди во светот. Таа е пејачка, актерка, танчерка, претприемачка и филмска продуцентка. Од 1999 година има издадено десет албуми, ја гледаме и на филмското платно и во телевизиски серии, а секогаш наоѓа време и да учествува на различни телевизиски емисии и на многу значајни настани.

Таа има Инстаграм профил кој го следат над 198 милиони следбеници, активна е на профилот и постојано објавува фотографии. Познат е нејзиниот професионален живот, но таа открива за своите фанови и факти од нејзиниот приватниот живот, па така денес сите знаат дека е во врска со глумецот Бен Афлек.

Сепак, кога станува збор за нејзиното семејство, преферира да ја сочува приватноста. На пример, сте видели ли како изгледаат сестрите на Лопез, или пак, нејзината мајка? А како што вели таа, токму тие се најважните фигури во нејзиниот живот. Ѕвездата конечно објави неколку фотографии од некои постари албуми на кои е фотографирана со нејзината мајка и двете сестри.

Гледајќи ги фотографиите на сестрите и мајка ѝ веднаш забележуваме голема сличност. Кај сите е очигледна убавината!

Лопез со мајка ѝ, фото – инстаграм
Лопез со двете сестри, фото – инстаграм

Мајката на пејачката се вика Гвадалупе Родригез. Таа е убава жена, со големи очи и прекрасна насмевка, додека сестрите Линда и Лесли имаат иста насмевка и многу заеднички црти на лицето. Сите се убави, нели?

 

Слични објави

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin
Се вчитува....