15.8 C
Скопје
13:44 - 4 март, 2026

(Фото) Од Шерон Стоун до Шакира, секси модни изгледи на синоќешниот црвен тепих во Кан

Гламурна парада на ѕвезди и за деветтата вечер на 75-тото издание на Канскиот филмски фестивал 2022: ВИП гостите се собраа на настанот на Азурниот брег на црвениот тепих на Кроазета за да присуствуваат на премиерата на многуочекуваниот биографски филм од Баз Лурман „Елвис“, посветен на иконата на рокенролот, неговиот живот и неговиот стил – на и надвор од сцената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Check the Tag (@checkthetag)

Од Манескин до Кајли Миног, од Шакира до Рики Мартин, бројни ѕвезди беа присутни на премиерата на филмот и секако, на црвениот тепих.

Блесна и ќерката на Синди Крафорд, моделката и млада глумица во подем, Каја Гербер која носеше дискретен црвен фустан од Селин.

Некои ѕвезди на вечерта вредат да се спомнат и поради особено ексцентричните модни комбинации: од Адријана Лима, која гордо го покажува свјот стомак, до Мадалина Генеа, која носи огромна количина на тул, но успева да остане практична во движењето на црвениот тепих.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Шерон Стоун овојпат ја покажа својата совршена силуета во долг тесен црвен фустан од Долче и Габана кој го носеше во комбинација со црвени сандали на висока платформа, црвена чантичка и очила за сонце.

Кајли Мингог пак, се појави во црн фустан од Версаче, со проѕирен корсет, додека Шакира носеше покласичен црн фустан со секси шлиц од Монот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira Brasil (@shakirabr)

 

 

Слични објави

Цело богатство на една слика: Музичарот Папаз со четирите деца и со сопругата

apostolova

(Фото) Зуица во опуштено издание со ќерка си Македонка во овој убав град

Еспресо

„Месечината ќе те чува како мајка“: Тамара со срцепарателна објава за Панчо

Еспресо

Кандидатка за Мис на Србија навредена од инфлуенсер: Ја нарекол „буцка“ пред сите на избор за убавина

apostolova

„Татко ми ме пречека со пушка кога се разведов“: Фолкерката го фатила сопругот како ја изневерува па љубовницата ја фрлила во Сава

Е.А.

(Фото) Радост во домот на Ана Севиќ: Пејачката го слави најважниот ден, Дарко Лазиќ отсутен поради оправдана причина

Е.А.
Се вчитува....