18:14 - 1 април, 2026

(Фото) Новак триумфираше пред очите на бројни ѕвезди: Од Мпабе до Том Брејди и Ибрахимовиќ, до Хју Грант и Џонатан Бејли…Еве кој сè беше на трибините

Бројни ѕвезди беа на трибините и го следеа машкото финале на Отвореното првенство на Франција (Ролан Гарос) помеѓу Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд денес попладне во Париз.

Победата ја понесе Ноле, и стигна до рекордната 23. грен-слем титула во кариерата оставајќи ги зад себе Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Едно од најголемите имиња на трибините беше пензионираниот бек на НФЛ Том Брејди. Седумкратниот шампион во Супербол седеше до сопругата на Ѓоковиќ, Јелена.

Мечот го следеа и фудбалските ѕвезди Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен и новопензионираниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ.

Голем број француски спортисти се појавија на Грен слем турнирот во нивната земја, вклучително и возачот на Формула 1, Естебан Окон, Лукас Хернандез и Бенџамин Павар од Баерн Минхен и Оливие Жиру од Милан, како и пензионираната НБА ѕвезда Тони Паркер.

Присуствуваше и речиси целата француска фудбалска репрезентација. А и Мајк Тајсон.

Присуствуваа не само познати спортски ѕвезди, туку и ѕвезди од шоубизнисот. Актерите Џејк Гиленхал, Хју Грант и Џонатан Бејли исто така беа забележани на трибините.

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....