14:13 - 1 април, 2026

(Фото) Нина Бадриќ ги предупреди фановите: Внимавајте со кого разговарате, има сомнителни луѓе на социјалните мрежи

Пејачката Нина Бадриќ повторно се најде на мета на онлајн измамници. Овој пат, некој им се јавувал на луѓето со нејзиното име и презиме. Нина објави пример за таков разговор.

„Внимавајте со кого разговарате. Тоа секако не сум јас. Има некои сомнителни луѓе кои дури се претставуваат како мене и ја имаат мојата профилна слика на телефоните. Внимавајте бидејќи бараат секакви работи“, предупреди пејачката.

Ова не е првпат Нина да се сретне со вакви онлајн измамници. Тие и претходно го користеле нејзиното име за разни цели. Тие контактирале со нејзините обожаватели претставувајќи се како Нина Бадриќ и промовирале разни производи под нејзино име.

Во една измама, некој зборуваше за слабеење во име на Нина.

„Здраво драга Нина. Циркулира видео во кое даваш интервју и велиш дека си ослабела со кето прашок. Ако сакаш да ми одговориш, дали тоа видео е монтажа? Затоа што во него ги нарекуваш луѓето што вежбаат идиоти“, ѝ напишала една жена.

Нина одговори: „Верувам дека сте доволно паметни да знаете што се лажни вести. Ако не сте го виделе производот на мојот официјален профил како го промовирам, тогаш претпоставувам дека ви е јасно дека јас не стојам зад него.“

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....