8.8 C
Скопје
05:16 - 18 октомври, 2026

(Фото) Нежности во Белград: Нина Бадриќ „уловена“ во прегратките на миленикот на жените

Хрватската пејачката Нина Бадриќ објави фотографија со српскиот водител и дизајнер Бошко Јаковљевиќ.

Загрепската пејачка Нина Бадриќ пеела на прослава во Белград, а по тој повод се дружела со својот пријател, водителот и моден дизајнер Бошко Јаковљевиќ.

Нина на Инстаграм објави фотографија на која позира во неговата прегратка, додека нежно го допира по брадата.

За оние кои се прашуваат дали станува збор за нова љубов, објаснувањето е – старо пријателство.

Белградскиот телевизиски водител во неколку наврати изјави дека Нина му е омилена пејачка, а нејзините настапи во Белград не ги пропушта.

Со текот на годините се насобраа нивните заеднички фотографии. Тие летово позираа во Истра.

„Луѓе какви што ќе посакаш. Кажи ни ги сите нежни зборови на светот (нè уби романтиката). Месечината над нашите глави и ние сме среќни“, напиша Нина покрај заедничките фотографии.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)


„Леле, баш сме убави. Всушност ти, а на мене се гледа дека сум среќен затоа што не сме се виделе сто години. Бадриќ, те сакам до небо и назад. И како што вели сценариото… Да ти биде како мене кога утрово ги отворив очите и ја видов објавата“, напишал Бошко под фотографиите на Нина.

Водителот, дизајнер и модел Бошко Јаковљевиќ многу рано влезе во светот на моделството, а потоа почна да се занимава и со водителство. Првата емисија што ја водеше беше „Сити клуб“.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....