14:22 - 27 ноември, 2026

(Фото) „Многу се задолжив, немам да ги вратам парите“: Бака Прасе откри дека западнал во огромни финансиски проблеми

Еден од најпознатите српски јутјубери, Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, неодамна се пофали со нов имот – стан од 300 квадрати, за кој рече дека вреди дури 2.000.000 евра.

Потоа на својата девојка Ања Благојевиќ ѝ подари автомобил од 100.000 евра, а сега ја изненади јавноста кога објавил дека е задолжен и западнал во тешки финансиски проблеми.

Тој на својата инстаграм „приказна“ се огласи и на своите следбеници им порача дека ќе се врати на мрежите кога ќе ги реши проблемите.

„Изгубив многу пари и се задолжив, немам каде да заработам и не можам да се вратам додека не решам се. Испаднав многу глупав, изгубив сè“, напишал Бака Прасе.

Тој неодамна им се пожали на следбениците дека ги изгубил  парите поради коцкање.

„Имав многу големи соништа, не знам што да правам. Се сетив на сè. Ми беше доста“, напиша неодамна на својот Инстаграм профил.

Популарниот јутјубер не ја откри сумата, но еднаш призна дека на идентичен начин изгубил 160.000 евра.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....