13:39 - 24 септември, 2026

(Фото) Ми недостигаш тато: Пејачот Дарко Илиевски со емотивна објава од Америка

Пејачот Дарко Илиевски, кој веќе неколку години живее и работи со своето семејство на Флорида, САД, ги разнежни и растажи своите следбеници на социјалните мрежи.

На својот инстаграм- профил тој сподели црно-бела фотографија на која е во прегратка со својот покоен татко.

„Среќен роденден тато! Ми недостигаш!“ напиша Дарко до сликата.

Илиевски, кој своевремено беше една од најголемите млади музички ѕвезди во Македонија и остави зад себе хитови како дуетот „Едно тело“ со ДНК, во екот на популарноста одлучи да ја напушти естрадата и да започне нов живот во Америка. Таму изгради свое семејство со сопругата Ивана, со која го имаат синот Матео и ќерката Ана.

И покрај тоа што животот во САД му донесе нови успеси, професионални предизвици и неверојатна физичка трансформација, пејачот во изминатиот период се соочи со најтешките животни моменти, губејќи ги двајцата родители во кус временски период.

Неговиот татко почина ненадејно пред неполна година, веднаш по едно од доаѓањата на Дарко во родното Скопје, а само неколку месеци подоцна ја изгуби и својата мајка.

Иако илјадници километри подалеку од татковината, Илиевски постојано покажува дека спомените на неговите најблиски и корените остануваат засекогаш врежани во неговото срце.

При крајот на 2025 година, пејач откри дека ја загубил најважната личност и најголемата љубов во својот живот, неговата мајка. Пејачот скршен од болка, со трогателна објава на социјалните мрежи се прости со неа.

„Драги пријатели, со голема болка ве известувам дека денес си замина и мајка ми… болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов. Мамо, те сакам најмногу! Чувајте се со тато. Доколу сè уште ги имате своите родители, застанете една минута, јавете им се и кажете им дека ги сакате…еден ден ќе немате можност да го направите тоа!“, напиша Дарко тогаш“
Само неколку месеци пред тоа, во август, почина неговиот татко.

Слични објави

Цела фамилија на сцена: Ана Костадиновска се потсети на среќните денови со „ДНК“

Еспресо

Нора Шаќири по долго време се враќа на телевизија, ќе води поткаст со Пеце од „Суперхикс“

Еспресо

(Фото) Дамјан Дренковски и Александра прославија една година брак во Рим — не ја пропуштија традицијата кај Фонтаната ди Треви

Еспресо

Ѕвездите од српската естрада за дочекот на 2027 година ќе заработат богатство: Објавени и цените на билетите

apostolova

Станете и прошетајте на секој час – оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.

(Фото) Марјан Петров го стилизираше Јаков Јозиновиќ за ревијата на „Дизел“ во Милано

Еспресо
Се вчитува....