14.8 C
Скопје
16:44 - 2 март, 2026

(ФОТО) МАКРОН ВО МАЧО ИЗДАНИЕ: Кадар за заведување на женската или машката публика?

Начин да се истакне машкоста која постојано е предмет на озборувањата или да се прикаже човек „од народот“?

Кандидатот за претседател на Франција, односно претседателот во заминување кој повторно се трка за функцијата, позира во необично издание. Без вратоврска и со отпетлана кошула – која го открива неговиот тепих над градите.

instagram

Со оглед на тоа што Макрон навистина позира и што станува збор за период среде изборна кампања, љубопитната јавност се прашува – зошто ова му треба?!

На „C à vous“ на France 5, Макрон се обиде да се оправда со зборовите „Беше многу жешко во Марсеј“, што сугерираше дека сепак, кадарот „излетал“ од контрола.

Фотографијата е направена пред почетокот на митингот во Марсеј и покрена различни тези и хипотези насочени кон заведувањето или потребата да се покаже како мачо.

Следуваа безброј шеги на сметка на Макрон, а некои го споредуваат со грчкиот пејач со влакнести гради Демис Русос.

„Доколку фановите на Демис Русос нè слушаат, можеби тоа би можело да има влијание на исходот од кампањата“, е една од шегите.

Стратегија или непромисленост? Не е ни важно, додека анкетите веќе потврдуваат дека е во водтство со 56% од гласовите предност пред конкурентката Марин Ле Пен.

Слични објави

(Видео) Сите ѝ се потсмеваат на Емили Ратајковски по ревијата на „Гучи“: „Зошто оди како пијана?“

Еспресо

(Фото) Среде конфликт, бившата на Аца Лукас позира во Дубаи: Ќерката јавно ја моли да се врати!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ излезе од болница: Има повредено око и видливи лузни по лицето

apostolova

(Фото) Од центарот на градот во својот зелен рај: Погледнете ја куќата на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ

Еспресо

Ќерката на Саша Поповиќ во солзи: „Жал ми е што нема да ги запознае своите внуци“

Еспресо

Почина братот на Силвана Арменулиќ: „Ти благодариме за љубовта и спомените“

Еспресо
Се вчитува....