9.8 C
Скопје
12:32 - 1 април, 2026

(Фото) Маје, мајката на Илон Маск на насловната страница на „Sport Illustrated“ на 74 години

Дури и постарите жени можат да носат костими за капење и да изгледаат добро“, рече манекенката, најстарата што позирала за специјалното издание за костим за капење.

Маје Маск каква што досега не сте ја виделе: во костим за капење на насловната страница на Sport Illustrated за специјалното издание Swimsuit. Мајката на Илон Маск ја сними насловната на 74-годишна возраст: таа е најстариот модел што позирала во оваа улога во историјата на списанието. За насловните страници ѝ се придружија пејачката Сиара, плус сајз моделката Јуми Ну и Ким Кардашијан.

„Многу сум среќна што одлучија да покажат дека и постарите жени да можат да носат костими за капење и да изгледаат добро. Мислам дека навистина ќе го промени начинот на кој жените се чувствуваат кога излегуваат во костим“, рече Маје, совршено удобно во новата улога. Впрочем, зад себе има минато како модел, а позите во кои е овековечена ја откриваат нејзината самодоверба пред објективот.

Маје Маск почнала да се занимава со манекенство на 15 години, парадирајќи за модните брендови како Долче и Габана и позирајќи за насловните страници на Тајм и Вог.

„Јас сум модел веќе 50 години и никогаш не ме сметале за „модел за костими за капење“. Но, сега Sports Illustrated ми даде до знаење дека имаат огромна разновидност на дизајни на костими. Мислам дека е прекрасно “, изјави таа за Њујорк Пост.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....