16:53 - 10 ноември, 2026

Кајли Џенер на мета на критичарите: Јавноста шокирана од облеката што ја носеше нејзината ќерка

Кајли Џенер присуствуваше на доделувањето на музичките награди Билборд во Лас Вегас со партнерот Тревис Скот и нивната ќеркичка Сторми. Многумина го критикуваа фустанот кој Кајли и го облекла на девојчето.

Кајли Џенер носеше „гол“ фустан од модната куќа „Балмен“, кој припаѓа на новата генерација на овој вид облека и со кој, како што велат модните експерти покажа „интригантна модна оптичка илузија“, но и дека избрала „сосема несоодветна гардероба“ за својата ќерка Сторми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Latinx Now! (@latinxnow)

Девојчето носеше бел тесен фустан, со асиметричен крој, што е вистинска мини верзија на облека за возрасни. Носеше и мини верзија на длабоки патики кои обично ги носат многу постари од неа.

„Несоодветно за дете на нејзина возраст“, е само еден од коментарите. „Ова не е фустан за деца“, „Сторми е премногу симпатична, но вознемирувачко е детето да носи ваква облека“, беше критикувана Кајли поради стилот на четиригодишното девојче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie jenner (@kylieslittleworld)

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....