13:08 - 4 април, 2026

(Фото) Лепа Брена направи бизнис од јахтата вредна 6 милиони евра: Еве за колку ја издава и што поседува

Музичката ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ се сопственици на јахта вредна 6 милиони евра, на која летово, за разлика од претходните, не поминувале време.

Имено, тие двајцата оваа година времето го поминуваа на помала јахта, најмногу уживајќи на хрватското крајбрежје, додека оваа година речиси и да не се спуштаа до Црна Гора.

И така, следејќи ја трагата на информации, српски „Телеграф“ дознал дека Лепа Брена оваа година решила јахтата да ја претвори во бизнис.

Дали поради кризата или поради којзнае што, Брена и Боба одлучиле да ја издаваат својата луксузна јахта долга 30 метри.

Јахтата се нашла на една веб-страница за изнајмување на луксузни јахти, па цена од 65.000 евра за неколку месеци во сезоната.

Според сајтот, јахтата можете да ја изнајмите и надвор од сезоната, односно од октомври до април, по нешто пониска цена, за околу 60.000 евра.

Иако се шпекулираше дека Брена ја продала јахтата, „Телеграф“ дознал дека тоа да не е вистина, бидејќи на 14 август, ја снимиле на јахтата која била закотвена во една од најлуксузните марини на црногорското крајбрежје.

Јахтата има шест спални соби, а една од нив има дури и сопствена бања. Исто така, дека Брена и Боба воделе сметка за секој детаљ говорат и брендираните крпи кои се во иста боја со плочките. Секако, тука е и големата дневна соба, мермерната маса и огромниот телевизор.

 

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....